173
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег.
Минималната температура ќе се движи од 0 до 11, а дневната од 6 до 19 степени.