221
Многу куќи беа поплавени, а многу патишта беа тешко оштетени од невремето што зафати делови од Грција.
Во Волос поради невремето „Елиас“ се активираа голем број одрони, а проблеми има и во снабдувањето со струја и вода.
Како што пренесува грчкиот јавен сервис ЕРТ, Волос моментално изгледа како „град кој е бомбардиран“, откако во септември врнеше дожд колку што во Атина врне за две и пол години.