Поплавени подвозници и надвозници во Полошкиот регион

ЦУК: Дождот направи проблеми во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: ЦУК

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците, извести Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК апелираат на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

-Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата, додаваат од ЦУК.