Главниот град на Франција синоќа беше погоден од силен дожд, поради што затворени се 20 станици од метрото. На социјалните мрежи објавени се снимки од потопени станици.

Посебно шокантни се снимките од станицата Porte de Versailles, Porte d’Orléans и Porte de Pantin, пренесуваат француските медиуми.
Најпогодени од дождот се јужните делови од градот, а според Meteo France, во еден час паднале 49 мм дожд, што е еднакво на тромесечен просек во Париз, во јули.

Дождот не престана да паѓа и денеска.