Поплавено училиштето во Струга

од desk4
128 прегледи

Од утринава целосно е поплавено Основното училиште „Јосип Броз Тито“ од Струга. Според информациите, причината за поплавувањето е неодговорност на вработените кои ги заборавиле отворени чешмите во училиштето.

Цели три дена водата течела низ ходниците и училниците, а уништила голем дел од школскиот инвентар.

Олеснителна околност е што учениците се на распуст, но неизвесно е дали ќе се надомести штетата пред старт на второто полугодие.