Поплавите во Европа зедоа 17 жртви во 4 земји

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Обилните дождови во Централна, Западна и Источна Европа предизвикаа смрт на 17 лица во најмалку 4 земји, пишува АФП. Во германските покраини Баварија и Баден-Виртемберг загинатите се 11, уште 2 жртви има во Романија. Пчелар загина во Белгија, при обид да ја спаси кошниците, додава АФП. Во Франција човек јавајќи  коњ беше однесен  од надојдените води на реката југоисточно од Париз.

поплавиВо самата престолнина нивоата на Сена се зголемија со 6 метри и доведоа до затворање на познати музеи како Лувр и Орсе и планови  за евентуална евакуација на зградите на државните институции. Тоа е најголем пораст на нивото на париската реката од 30 години. Властите затворија некои од метро станицата  во француската престолнина и наредија вреќи со песок пред влезовите . Уште една жртва има регионот Лорен, каде полицијата пронашла безживотно тело на удавена старица. Францускиот министер за животна средина Сеголен Ројал изјави дека се можни уште жртви на поплавите да бидат откриени по падот на нивото на реките во некои села во централна Франција, кои ја  доживуваат најлошата  таква  катастрофа од пред  сто години.pariz-poplave-696x456

Околу 18 000 домаќинства во земјата се без струја. Повеќе од 20 000 луѓе се евакуирани поради поплавите во Франција од почетокот на неделава. Властите очекуваат речните нивоа и врнежите да се намалат во почетокот на наредната недела. Претседателот Франсоа Оланд најави дека на седницата во средата владата ќе ја прогласи  состојба како  “природна катастрофа”, за да го отклучи вонредното  финансирање за справување со штетите од катастрофата.

Најмалку 51 повредени при удар на гром на концерт во Германија

Претходно вечерва молња повреди неколку присутни на рок фестивалот “Rock am Ring” во германскиот град Мендиг.

Слични содржини