333
Директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ денеска истакна дека пополнети се капацитетите на Инфективната клиника.
„Како и изминатите месеци, капацитетите се веќе пополнети. Од вчера вечер капацитетот на модуларната болница почна да се полни. Вкупно се примени 101 пациент. Во текот на минатата ноќ беа примени 19 пациенти кои имаа сериозна клиничка слика“, рече Стевановиќ, пренесува ТВ21.