Попоски: Доаѓањето на Хајндл позитивен сигнал од Берлин

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Министерот за надворешни работи Никола Попоски потврди дека германскиот специјален претставник за Македонија амбасадорот Јоханес Хајндл утре ќе пристигне во Скопје, оценувајќи го тоа како позитивен сигнал од Берлин, пренесува Телма.

nikola-popovski2_g1_6

– Се работи за позитивен сигнал  со самиот факт што Германија  покажува интерес дека сака да биде подиректно вклучена во процесите кои се случуваат во нашиот поширок регион и конкретно во РМ. Има најмалку две работи за кои Германија може да ни помогне. Првата се однесува на зацврстување на кредибилитетот на повеќе повторени ветувања за тоа дека Македонија има иднина во рамки на ЕУ. И мислам дека тоа е сигнал кој треба да го очекуваме од Берлин. И втората работа е сигналот дека постои интерес кај Германија да биде вклучена со што де факто се испраќа и сигнал дека не сме оставени сами на себе во еден долг временски период да имаме неизвесност околу можностите воопшто да се приближуваме кон ЕУ во услови во кои самата ЕУ е соочена со сопствени предизвици, рече Попоски кој денеска се обрати на предавање пред студентите од Виенската дипломатска академија во македонското МНР.

Запрашан кој би бил начинот да се спаси препораката на ЕК за почеток на преговорите во контекст на вчерашната изјава на евроамбасадорот Аиво Орав за итно надминување на политичката криза и дали има информации кои би биле мерките кон Македонија доколку препораката биде повлечена, Попоски нагласи дека не би сакал воопшто да говори за такво сценарио во кое препораката би била повлечена.

– Тоа би било негативно за Македонија во кој било аспект, од економски, од политички аспект, како и од аспект на нашите аспирации за членство во ЕУ. Затоа мислам дека треба да направиме се такво нешто да не се случи  и мислам дека ова треба да го гледаме во една поширока рамка. Македонија веќе шест години има докажано, покажано и тоа е утврдено и од ЕК и од ЕП, дека е способна и нема никакви пречки да води преговори за членство со ЕУ. Знаеме која е клучната пречка за водење преговори. Секако дека во тој временски период поголем е ризикот да се зголемат фрустрациите и да се изгуби од видик пошироката слика за членство на Македонија во ЕУ, рече Попоски.

Но, додаде тој, тука постојат двојни обврски од македонска страна, но и од страната на ЕУ.

– Од една страна предизвиците со кои се соочуваме ние на политички план се исклучително предизвици кои треба да ги надминеме со македонски ресурси, со наши напори и со дијалог помеѓу ние кои одлучуваме во РМ. Од друга страна нашите европски партнери треба да ни помогнат дека кога тоа се случува следи од другата страна пружена рака односно обезбедување на кредибилен процес за пристапување на РМ кон ЕУ и тоа, мислам е фер да го очекуваме, изјави Попоски.

Тој се согласи дека во овој момент во фокусот е политичката криза, која вели, трае подолг временски период и не чини премногу за да не се посветиме на неа, но подвлече дека таа треба да биде надмината благодарение на напорите кои ние треба да ги вложиме во РМ.

Целиот извештај можете да го прочитате тука

Слични содржини