Попоски најавува затоплување, температури до 19 степени

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови, во текот на оваа седмица во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 25 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на високите планини а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, информира метеопрогнозерот Славчо Попоски.

„Температурите и понатам у ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во најтоплите југоисточни предели температурите се очекува да се искачат до околу 19 степени.

Во Скопје и околината во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

Нешто пониски температури кај нас, но сепак и понатаму релативно високи ќе имаме од средината на оваа седмица.

НАПОМЕНА: Овие денови над нашата територија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена а дождот кој се очекува ќе биде помешан со истата“, наведува Попоски.

Слични содржини