Попоски: Случајот „Траекторија“ е политички измислен предмет

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес конференција во седиштето на партијата рече дека случајот „Траекторија“  политички измислен предмет и ги отфрли обвинувањата што ги изнесе од СЈО како неточни.

Тој рече дека материјална штета од 155 милиони евра, не постои и дека целата процедура при делење на тендери за иградба на автопатот Миладиновци-Штип и делницата Кичево-Штип била транспарентна и законска.

„Во овој случај фактите велат дека Собранието уште во 2013-та година донесе закон за реализација на инфрастуктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Штип врз основа законот на ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, помеѓу владата на Македонија и владата на Кина. Овој закон за реализација на конкретниот проект како посебен ја исклучува примената на законот за јавни набавки и за овој закон би нагласиле дека расправаа и гласаа и пратениците на СДС и пратениците на ДУИ“, рече Попоски.

Тој рече дека и во третиот случај каде што СЈО ги обвинува дека се разговарало само со една компанија, обвинувањата не се точни, затоа што имало две фирми кои се јавиле на тендер.

„Вистината е следна, склучени се меморандуми со две компании и тоа двете компании доставиле свои понуди и во 2013 е одбрана најниската понуда, би повториле дека се работи за политичка мотивација и истото ќе биде докажано во понатамошната постапка“, вели Попоски./МФ