Попов: Арсовска за 10 дена менува директор и поставува разузнавач, близок до ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
342 прегледи

За само десет дена Арсовска го менува директорот на ЈП „Градски паркинг”, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Новиот директор на Јавното претпријатие Бојан Христовски е контраразузнавач, поранешен припадник на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој нема добиено безбедносен сертификат за да може да се префрли во Агенцијата за национална безбедност, изјави на денешната прес-конференција Мартин Попов, советник во Град Скопје од редовите на СДСМ.

Попов вели дека таткото на новоизбраниот директор учествувал во „крвавиот четврток“ во Собранието на 27 април и дека таков човек не е компетентен да биде директор.

-По ниту еден професионален критериум Христовски не е соодветно решение за да води јавно претпријатие, освен што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.Дополнително, Аросовска со промената во период од 10 дена на директор, ги потврдува сомнежите дека поставува некомпетентни кадри на високи раководни позиции во градот.За што Арсовска го има наградено Христовски со директорски ангажман?Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да одговори на овие прашања, вели Попов.

Слични содржини