Попов: Имаме стабилно мнозинство, избори во 2024 година

од Берта Китинска
376 прегледи

Имаме стабилно мнозинство токму со влегувањето на Алтернатива во коалицијата и следува избор на нова Влада со мандат до 2024 година, рече денеска организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Попов, по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за техничка влада во март и организирање избори во јуни.

„Владата ќе биде посветена на справување со проблемите на граѓаните, ќе се посвети на справување со глобалната економска и здравствена криза, па оттука сметаме дека фактот што имаме стабилно мнозинство говори за тоа дека немаме потреба од никакви технички влади, ниту пак од предвремени избори“, нагласи Попов.

Слични содржини