Попов: Мојата сообраќајка не наликува на она што се случи со Васил и починатата Фросина

од Nikola Popovski
125 прегледи

Доколку се чита пресудата, ќе се види дека се она што сум го напишал во Фејсбук статусот е така, но, тие не престануваат со обвинувањата, од причина што знаат дека не секој има време да прочита пресуда од две страници од А4 формат. Луѓето читаат само наслови и кратки делови. Продолжуваат со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ влијаела на пресудата, мојата фамилија…Прво поминати се 11 години, од кои 7 имаше СДСМ. Во тој период бев политички активен и имаа време што сакаа да направат, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов по обвинувањата од помладоците на опозициските партии за неговото учество во сообраќајна несреќа пред 11 години за која бил осуден со парична казна од 500 евра и забрана за полагање за возачка дозвола во рок од неколку месеци.

Попов истакна дека доколку некој во државата смета дека треба да се направи ревизија на случајот, вели нека се направи. Пресудата е донесена во 2018 година. Посочи дека се уште има траума од случајот и поради тоа оттогаш до денес не застанал позади волан.

-Oдлучуваат брутално да си поигруваат со моја судбина и случка. Пробуваат да ме поистоветат со Васил Јованов што е близу при памет…Ниту сум дилал дрога, ниту имам преку 15 прекршоци, ниту мојата сообраќајка воопшти наликува на она што се случи со Јованов и починатата Фросина. Нека им служи на чест, соопшти утрово пратеникот и лидер на УМС при ВМРО-ДПМНЕ.

По обвинувањата од страна на претседателите на подмладоците Петар Здравевски на Левица и Трајче Стојчевски на СДСМ дека Попов возел пијан и предизвикал сообраќајка, истиот се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој во петокот објави дека е точно дека пред 11 години направил грешка која имала последици, но за истата го платил долгот и оттогаш веќе не возел ниту положил за возачка дозвола. Додаде дека „Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината.“

Најпрвин реакција вчера имаше од Црвена Младина кадешто претседателот Петар Здравевски излезе со соопштение во кое го обвини Попов дека со 1,43 промили алкохол управувал со возило за кое немал стекнато возачка дозвола. Беше побарана и оставка од пратеникот.

Слични содржини