Попов: Притисокот за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован

од Nikola Popovski
41 прегледи

„Постои само една Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) која ја претставува државата и сите етнички заедници. Притисокот за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован“. Ова го истакна првиот човек на МАНУ, Живко Попов на 57-годишнината од формирањето на Академијата.

Наместо паралелни институции, Попов повикува на формирање научно-уметнички друштва или граѓански здруженија.

Според него, академиците се единствени и според нивното мислење дека не треба да се отстранува албанскиот јазик, кој е предмет на расправа во Уставниот суд. Повикуваат да се адаптира законското решение во кое ќе се спроведуваат опсервациите на Венецијанската комисија.

-Употребата на јазиците во науката нема и не признава етнички предзнак. Никој во Академијата не смета дека употребата на албанскиот јазик и на јазиците на другите немнозински заедници во државата треба да се укине, туку таа треба во законско решение да се уреди и да се допрецизира, рече Попов во својот говор.

Според првиот човек на МАНУ, евроскептицизмот е присутен поради пречките кои ЕУ неоправдано ги постави на патот на Македонија кон евроинтеграцискиот процес.

Слични содржини