Поповски: Фондот е претворен во фискална институција, немаме доволно средства

од Nikola Popovski
281 прегледи

Пензискиот фонд е јавен со најголем дефицит. Тој генерира околу 45% од своите расходи како дефицит. Од 100 денари, 45 ги добива буџетот. Тоа се 450 милиони денари оваа година, а нашиот буџетски дефицит просечно години наназад не ни е поголем од 400 милиони. Само последните две години отиде над 500-600 милиони поради кризата, вели поранешниот министер за финансии, Никола Поповски во гостувањето на емисијата „24 анализа“, зборувајќи за можното зголемување на пензиите.

Според него, сега Фондот е претворен во фискална институција во која имаме расходи од централниот Буџет.

-Ние ги субвенционираме и оние со високи и оние со средни плати. Не се врз основа нивниот труд. Нема доволно средства и кога даваме повеќе на Пензискиот фонд, ние даваме од нешто што нема. Даваме од дефицитот на Буџетот, рече Поповски.

Слични содржини