Поповски: Мицкоски нека го праша Петков чиј бил Гоце Делчев

од Nikola Popovski
399 прегледи

Петков и Ковачевски се на некако поисчистен терен, со старите тегови околу нозете. Тие имаат добра шанса и може ќе го искористат ова, смета новинарот и политички аналитичар, Љупчо Поповски во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, постои простор за нов пробив во спорот со Бугарија, но силни се националистичките реторики во двете земји.

-Поради тоа не знам дали ќе има биде дозволено на двајцата премиери. Секој тргнува до свои стандардни точки. На Бугарија ѝ треба елегантни остапки од тие најтврди ставови, а сепак да не испаднат повредени. Тоа е наложено од САД и ЕУ. Не може врз нив да се удри со чекан по глава и да се рече „вие за ништо не сте во право, Македонија е за се во право“, потенцира Поповски.

Тој додава дека многу сака да дознае за што ќе се разговара меѓу Христијан Мицкоски и Кирил Петков.

-Би сакал да видам доколку има стенограми од средбата. Петков прави некаква чест. Тоа е сама по себе некоја отстапка. Мицкоски вика новинарите да го прашаат Петков чиј бил Гоце Делчев. Зошто Мицкоски не го праша, зошто новинарите да ја вршат валканата работа и да видиме дали така се водат разговорите меѓу политичари. Тоа е еден вид потпалување што го кажа Мицкоски, истакнува Поповски.

Слични содржини