Поповски: Не сме добиле грантови од Русија, Кина или Индија, ако ги замрзнеме преговорите со ЕУ ќе имаме застој на секое поле

од Vladimir Zorba
261 прегледи

„Ако Македонија ги замрзне преговорите, не ги усвојуваме уставните измени, како ќе знаеме колкава ќе биде помошта од ЕУ? Во каков правец ќе одиме и со какво назадување? Сме добиле пари од Русија, Кина, Индија? Не сме добиле. Ќе дојде со страотно заостанување во економскиот и секаков развој“ рече новинарот и аналитичар Љупчо Поповски на поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека доколку се случи тоа очекува бројот на луѓе што ќе аплицираат за бугарски пасоши ќе се дуплира, што ќе биде удар за себевредноста на Македонија.

„Од една страна викаш нема прифаќање под бугарски диктат, а после под бугарски диктат ќе потпишеш дека имаш бугарско потекло“ рече Поповски.

Тој додаде дека не држат вода најавите на опозицијата дека со нивните партнери во Европа може да издејствуваат подобра преговарачка рамка, бидејќи по последниот конгрес на ЕПП може да се види дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ не добија преголемо значење, но и еврокомесарот Оливер Вархеји, кој доаѓа од Унгарија, кажа дека преговарачката рамка не може да се промени.

Слични содржини