На прашањето зошто преку ноќ Владата донесе Уредба во која се наведува дека се преполовени парите за реклами во медиумите за изборите кое е утврдено во изборниот законик министерот без ресор задолжен за комуникации Роберт Поповски изјави дека Владата е во тешка вонредна ситуација и неопходни се фер и демократски избори.
-Пандемијата во целост го смени начинот на живот во светот. Македонија се наоѓа во уште покомплицирана состојба од останатите земји, бидејќи е без функционален парламент, па се најдовме во ситуација кога техничката влада која требаше да ги организира изборите, ја водеше државата. Владата се наоѓа во тешка ситуација затоа се неопходни фер и демократски избори. Тоа што беше вчера донесено за де нема нејаснотии од ДИК, Владата ги додефинира одредбите. Зголемено е времето од 10 на 15 часа што е подобрување на финансиската состојба на медиумите.По оваа одлука ќе нема дилеми за тоа кој ќе може да закупи простор во медиумите, изјави Поповски .
Согласно со член 76-д од Изборниот законик измените и дополнувањата на Уредбата ги утврдува и правилата за распределба на рекламниот простор на интернет-порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од буџетот, согласно со член 76-д од Изборниот законик.