Владо Поповски, кој беше советник во Кабинетот на претседателот Борис Трајковски, на свечениот научен собир, во организација на МАНУ во рамки на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на државата порача дека претседателот Трајковски е првиот кој сите граѓани и политички партии го признаа за свој претседател, на сите граѓани без разлика на етничкита припадност.
Поповски посочи дека Охридскиот договор, не е бинационален, не е многунационален, туку е модерен европски Устав, типичен за мешаните општества со решенија кои што постојат во 20-тина и повеќе земји во Европа.
– Тој придонес на Трајковски е огромен и треба да биде максимално валоризиран, бидејќи е светилник за иднината на Македонија на сите, и за тежината и начинот до кој дојде до решение. Денеска, немаме меѓуетнички тензии. Има други проблеми и тие треба да се решаваат, меѓутоа конечно Македонија опстана и функционира натаму. Почит и благодарност за претседателот Трајковски, изјави Поповски.