Поповски: Политичарите одат во етер и имаат привилегија нивните изјави да ги споделува јавноста

423 прегледи

Во рамки на своето гостување во „Алсат“, поранешниот министер за финансии и универзитетски професор, Никола Поповски посочи дека шпекулациите за стабилноста на банките би можело да доведат до стампедо кон банките и симнување на колена на целиот банкарски сектор.

Поповски додава и дека политичарите, но и другите влијателни лица од деловниот и бизнис секторот треба да бидат претпазливи со изјавите во јавноста.

„Многу треба да бидат внимателни. Имаат привилегија нивните изјави да ги споделува јавноста, преку медиумите, обичен граѓанин или експерт не може да оди во етер, а овие се пренесуваат, но за жал не се само политичарите. Има голем број на видни луѓе од деловниот свет кои сметаат дека банките се хуманитарни организации, дека треба да придонесат нивниот бизнис да се развива, не сфаќаат дека и банката е бизнис“, вели Поповски.

Слични содржини