767
Поранешниот министер за финасии од редовите на СДСМ Никола Поповски, ја искоментира изјавата на холандскиот премиер Марк Руте, кој рече дека не е точно дека прашањето со Бугарија е оставено да виси и дека не постои интерес за овој проблем да се реши.
Реакцијата на Поповски беше објавена на Фејсбук.
„Овој господин едноставно не ја зборува вистината, односно сите нас не` л*ж*. Бугарија де факто е оставена да прави што сака. Впрочем и неговата држава најчесто го правеше истото тоа во минатото и не е исклучено пак да го прави. Сетете се на Меркел со своите ветувања пред промената на името на државата“, напиша Поповски.