340
После долг и напорен ден, многумина ќе одлучат да се почестат со коктел и мирно да уживаат во вечерата.
Некои ќе се одлучат за еспресо мартини за да се релаксираат, но и да „живнат“ од кофеинот содржан во овој коктел.
Впрочем, овие коктели се исклучително популарни во баровите бидејќи ги има во различни вкусови, а нудат и пријатна арома на кафе што натера многу луѓе да го засакаат.
Сепак, еспресо мартини може да биде исклучително лош за вашето срце.
„Мешавина од алкохол и кофеин што е стимуланс е нешто што може да има „штетни ефекти врз срцето и сите системи на органи“, објаснува д-р Сиднеј Грин.
„Кофеинот го забрзува срцето, го зголемува крвниот притисок и го активира централниот нервен систем“, додава Грин.