Популарен засладувач поврзан со срцеви заболувања

од Stefanija Kuzmanovska
440 прегледи

Најновата студија, објавена во научното списание Nature medicine утврди врска помеѓу високите нивоа на засладувачот еритритол во крвта и зголемениот ризик од срцеви заболувања, згрутчување на крвта и срцеви удари.

„Ризикот не е занемарлив“, изјави водачот на оваа студија, д-р Стенли Хејзен, директор на Центарот за кардиоваскуларна дијагноза и превенција во Кливленд, пренесе Си-Ен-Ен.

Хејзен рече дека дури и производите за дијабетичари, кои се продаваат како наводна здрава храна, имаат многу потенцијално опасен еритритол во нив.

Слични содржини