Фитнес апликацијата „Strava“ го открила движењето на американските војници во базите во Сирија и Авганистан, поради безбедносен пропуст меѓу персоналот на таа компанија.

„Strava“ користи GPS од телефонот и на тој начин ги следи корисниците, кои ќе се одлучат да ја користат таа опција.
Врз основа на собраните податоци, се создава „топлотна мапа“ од активностите на корисниците, пренесува BBC.
Оваа апликација моментално има околу 27 милиони корисници ширум светот, а „топлотната мапа“ која е објавена во септември, го покажува движењето на корисниците во периодот од 2015 година до крајот на 2017 година, не во реално време.
Безбедносниот пропуст прв го воочил 20-годишниот австралиски студент Нејтан Русер, кој своите наоди ги објави на Твитер.
„Погледнав на мапата и помислив „ова не би требало да биде овде – ова не е добро. Сметав дека е најдобро да се објават слабостите за да можат да бидат подобрени. Верувам дека некој би го забележал ова, јас случајно ги поврзав фактите“, вели Русер.
Strava released their global heatmap. 13 trillion GPS points from their users (turning off data sharing is an option). https://t.co/hA6jcxfBQI … It looks very pretty, but not amazing for Op-Sec. US Bases are clearly identifiable and mappable pic.twitter.com/rBgGnOzasq
— Nathan Ruser (@Nrg8000) January 27, 2018
На мапата се појавиле рутите околу базите на САД во Сирија, Јемен, Нигер, Авганистан и други земји.
Не биле погодени само американските бази.
Била забележана и базата на Кралското воено воздухопловство на Британија на Фолкандските острови.