Редовното консумирање на авокадо може да помогне во намалувањето на телесната тежина, индексот на телесна маса (БМИ) и обемот на половината, покажа ново истражување.
Истражувањето на американски универзитети, чии резултати беа објавени во списанието Science Daily, покажало дека луѓето кои јаделе по едно авокадо дневно шест месеци забележале намалување на нивото на лошиот холестерол.
Споменатата студија се обиде да открие дали редовното консумирање авокадо може да им помогне на учесниците да ја намалат телесната тежина, индексот на телесна маса (БМИ) и обемот на половината.
Од илјада учесници со прекумерна тежина, на половина им било одредено да јадат по едно авокадо дневно, додека другата половина продолжила со својата нормална исхрана.
Резултатите открија дека консумирањето на едно авокадо дневно во текот на шест месеци не ги намалува мастите на стомакот, мастите на црниот дроб или обемот на половината кај луѓето со прекумерна тежина, но тоа довело до благо намалување на нездравото ниво на холестерол во крвта.
Групата научници кои ја спровеле оваа студија исто така заклучиле дека учесниците кои јаделе авокадо имале поквалитетна исхрана во текот на студијата. И додека претходните помали студии пронајдоа поврзаност помеѓу консумирањето авокадо и помалата телесна тежина, БМИ и обемот на половината, ова беше најголемата и најсеопфатна студија досега за ефектите на авокадото врз здравјето.
„Иако авокадото не влијаело на салото на стомакот или зголемувањето на телесната тежина, студијата дава докази дека ова вкусно овошје може да биде корисен додаток на добро балансирана исхрана“, рече Пени Крис-Етертон, регистриран диететичар и професор по нутриционистички науки во Пен Стејт.
Таа заклучи дека „консумацијата на авокадо не предизвика дополнително зголемување на телесната тежина кај учесниците во студијата, а забележано е и мало намалување на LDL или лошиот холестерол во крвта, што е особено важно откритие за секој кој има висок холестерол или ужива во јадењето на оваа намирница.