Популарната актерка под стрес, око не можела да склопи поради Харис Џиновиќ

од Elena Daskalova
299 прегледи

Актерката и музичарка Џулиет Луис деновиве престојува во Хрватска, но за разлика од многу нејзини колеги, таа оваа посета нема да ја памети по добро.

Всушност, со своите обожаватели споделила дека си поминала доста непријатно и дека постојано била под стрес поради нејзините соседи, кои очигледно добро си поминувале на својата журка.

Додека била во хотелот, во соседната соба се случувала вистинска балканска журка, а на репертоарот постојано биле песни од Харис Џиновиќ.

„Слушнете ги моите соседи во Хрватска. Не знам зошто, ама под стрес сум. Сакам кога ќе дојдам во својата соба да одморам во мир и тишина“, се пожалила таа на обожавателите.

Слични содржини