Популарната „Злобница“ се разголе и ја покажа тетоважата (ФОТО)

од Elena Daskalova
371 прегледи

Венецуелската актерка со хрватско потекло ја паметиме по нејзината двојна улога во серијата „Злобница“ која во раните 2000-ти беше вистински хит на телевизските канали.

Габриела Спаниќ и понатаму е активна како актерка, а овојпат ги израдува следбениците со разголена фотографија, за која откри дека е од сесија наменета за календар.

„Не правам половични нешта. Или сум целосно гола или воопшто не се соблекувам“, сподели таа со обожавателите. Оваа нејзина објава, секако, не помина незабележана и предизвика воодушевување, со оглед на тоа што актерката веќе ѝ наближува на 50-та година.

https://www.instagram.com/p/B9DwJEel4NZ/?utm_source=ig_embed