Популарноста на серијата The Crown скокна по смртта на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Во последните неколку дена, поточно по смртта на кралицата Елизабета Втора, на серијата „The Crown“ нагло ѝ се зголеми популарноста на Нетфликс.

Според сајтот FlixPatrol, „The Crown“ е втората најтрендирана серија во светот, по серијата „Cobra Kai“.

Серијата моментално е во топ-10 серии на Нетфликс во 72 земји во светот, а нејзината популарност нагло се зголеми по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Серијата започна да се емитува во 2016 година и е базирана на вистински настани од животот на кралското семејство.

Серијата го следи владеењето на кралицата, од абдицирањето на нејзиниот вујко до нејзиното крунисување по смртта на нејзиниот татко, пратејќи го натаму нејзиниот живот.

Сценаристот Питер Морган изјави дека „The Crown“ е љубовно писмо до кралиците и дека одлучиле да го паузираат снимањето за новата сезона. Британските медиуми објавија дека снимањето продолжило неколку дена по смртта на кралицата, но тоа се уште не е потврдено.

Слични содржини