Поради болест на Стивен Тајлер, групата Аеросмит откажа четири концерти

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Американскиот рок бенд Аеросмит ги откажа последните четири концерти од својата светска турнеја поради болест на пејачот. Стивен Тајлер се чувствуваше лошо и беше принуден да побара лекарска помош. Тој е советуван да се воздржи од патување и настапи.

Откажаните се концертите во Бразил, Аргентина, Чиле и Мексико. Самиот Тајлер им кажал на своите фанови дека неговите здравствени проблеми не се опасни за неговиот живот, но мора да се одмори.