Поради долг од 50 милиони денари, управната зграда на кочански „Водовод“ без струја

од Берта Китинска
175 прегледи

Управната зграда и неколку работни единици на „Водовод“-Кочани се исклучени од електро-енергетската мрежа.

Филтер-станицата и пречистителната станица за третман на отпадните води работат и се уште не е доведено во прашање водоснабдувањето на граѓаните.

Струјата е исклучена заради долг од 50 милиони денари, кои најголем дел е направен во изминатите три месеци. Комуналното претпријатие „Водовод“ не може да очекува субвенции од општината, бидејќи вкупниот долг е една третина од буџетот на Општина Кочани.

-Општинскиот буџет е недоволен за да се финансиран вакви големи долгови направени за многу краток рок. Оппштинскиот буџет е 3,5милиони евра, а долгот 800.000 евра. Треба 30% од буџетот да бидат наменети само за сервисирање на долгот, кажа Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Слични содржини