Поради долгови кон печатницата, утре нема да излезе „Независен весник“, дознава Локално. Според информациите до кои дојдовме, на вработените се уште не им е кажано каква ќе биде иднината на весникот, освен дека на неколку дена пред прослава на двегодишнината, нема да се печатат.
Дел од вработените, како што велат нашите извори, денеска останале да го полнат порталот на весникот во недостиг на официјални информации.
Редакцијата на весникот е сместена во Зебра, каде како што дознаваме, исто така должи весникот. И вработените ја немат земено платата за минатиот месец и велат дека не се сигурни дали ќе им биде исплатена.
„Независен весник“ првпат излезе во продажба пред речиси две години како бесплатен дневен весник. Зад весникот стои грчката Независна балканска новинска агенција-ИБНА, која весникот го најави како проект во земјава.