Ковчегот на кралицата Елизабета Втора вчера пристигна во Бакингемската палата, а нејзините најблиски се собраа да оддадат почит.
По тој повод, секако, повторно во центарот на вниманието се најдоа сопругите на принцовите Вилијам и Хари, Кејт Мидлтон и Меган Маркл.
Имено, идната принцеза Кејт искажала почит кон кралицата носејќи обетки од бисери на овој ден, а добро е познато дека кралицата често носела бисери, и дека тие ги претставуваат аристократските доблести на либералност, величественост и дарежливост.
View this post on Instagram
Многумина го поздравија овој гест на Кејт Мидлтон и коментираа дека е јасно дека отсекогаш ја почитувала Елизабета Втора и дека искрено жали за неа.
Од друга страна, иако и Меган Маркл на сличен начин ѝ оддаде почит на бабата на нејзиниот сопруг, многу луѓе и медиуми „ја дочекаа на нож“.
Имено, и таа донела обетки од бисери, а според списанието „People“, тоа не се било какви обетки, туку оние што некогаш и ги подарила кралицата Елизабета.
Meghan Markle Wears Earrings Gifted to Her by Queen Elizabeth at London Service https://t.co/BJfjgNBa9F
— People (@people) September 14, 2022
Причината зошто потегот на Маркл ги налути луѓето е тоа што таа и кралицата наводно не биле во добри односи.
Познато е дека Меган и Хари се откажаа од своите титули и ја напуштија Велика Британија на почетокот на 2019 година, а моментално живеат во Калифорнија со своите деца.
Тогаш многумина ја обвинија актерката за сè, обвинувајќи ја дека го „одделила Хари од неговото семејство“. После тоа, односите меѓу Хари и неговото семејство станале многу поладни, а тој дури и се скарал со својот брат Вилијам.
Иако неодамна Хари, Меган, Вилијам и Кејт заедно се појавија пред насобраниот народ пред Бакингемската палата, забележлива била нивната резервираност, како и дека не комуницираат многу меѓу себе.
Потсетуваме дека Хари и Меган дополнително го налутија кралското семејство со интервјуто кое ѝ го дадоа на Опра Винфри, во кое открија шокантни детали за животот во Бакингемската палата и упатија бројни обвинувања против семејството на Хари.
Очигледно е дека Британците, но и добар дел од оние кои немаат никаква врска со Британија, не можат да ѝ простат на Маркл што не сакала да живее како принцеза на дворот, туку сакала да го следи патот од соништата.