Поради еден детал се шпекулира дека Џастин и Хејли Бибер имаат криза во бракот

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Џастин и Хејли Бибер наводно веќе некое време минуваат низ криза во бракот.

Познато е дека Хејли во изминатиот период беше изложена на големо медиумско внимание поради начинот на кој ја испровоцира Селена Гомез, а нејзината козметичка линија забележа голем пад на следбеници, а таа заедно со Кајли Џенер сега е една од најомразените личности на социјалните мрежи.

Сега за приватниот живот на Хејли Бибер се заинтересираа бројни американски таблоиди кои наведуваат дека младата брачна двојка моментално минува низ криза, а тоа го поврзуваат со годините со оглед на тоа што се венчале многу млади.

Наводно, сомнежите дополнително ги подгреало тоа што Џастин на претходната роденденска прослава не ја носел бурмата, а пред тоа секогаш ја носел.

Слични содржини