Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на престижните музички награди Греми, а меѓу гостите беа и двојката Меган Фокс и Машин Ган Кели.
Црвениот тепих го окупираа, пред се, дивите како Тејлор Свифт, Бијонсе, Адел и Џенифер Лопез, но и бројни актерки, меѓу кои Меган Фокс, повторно украдоа најголемо внимание, но не од позитивни причини.
Актерката пристигна како придружничка на нејзиниот вереник, а за нејзиното заледено лице денеска зборуваат сите и покрај изборот на тесен бел фустан, кој ја истакна нејзината бујна фигура.
Покрај тоа, тука бил и нејзиниот ексцентричен вереник, кој обожава да експериментира со модата, а многумина се прашуваат што видела во него познатата заводничка.
Како и да е, мајката на три сина е целосно променета откако е со него, а на многумина оваа промена не им се допадна и веруваат дека се однесува како заљубена тинејџерка, а не како жена во нејзината четврта деценија. Исто така, почнала да претерува со операциите од кога е со него, но тоа го оправдува со тоа што боледува од телесна дисморфија.
Станува збор за пореметување во кое на човекот одредени делови од телото му се непривлечни, но некои веруваат дека тоа е само изговор за Меган да ја оправда својата опсесија со младешкиот изглед.
Така, една од најубавите актерки стана синоним за потсмев, а фактот што синоќа не можеше да го помрдне лицето само ги подгреа не толку ласкавите приказни.