Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Пол Сколс, беше посетен од полицијата заради информациите дека ги прекршил рестриктивните правила наметнати поради пандемијата на коронавирус.
Сколс во петокот вечерта одржа роденденска забава за неговиот син, а истиот ден беа воведени нови рестриктивни правила во Манчестер.
Собиранки во приватни домови се забранети, а правилата се воведени поради неодамнешното зголемување на бројот на случаи на коронавирус во Олдам.
На Сколс сигурно не им помогнале фотографиите што неговата ќерка Алиша која ги објавила на социјалните мрежи, а некои англиски медиуми пишуваат дека токму поради нејзините објави полицијата ја посетила легендата на Јунајтед.
https://www.instagram.com/p/CCrj4WFFeXg/?utm_source=ig_web_copy_link