Поради големата суша, Португалија бара помош од ЕУ

од desk4
204 прегледи

Поради сушата која ја погоди Португалија, денес во Брисел, португалските власти побараа помош за земјоделскиот сектор.

Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија.

Метеоролошката агенција ИПМА претходно објави дека во текот на април во Португалија е забележано невообичаено топло и суво време, а досега 90 отсто од копнената површина на земјата е зафатена од суша.

Тешката суша зафати една петтина од територијата на Португалија, двојно повеќе отколку во март и речиси петпати повеќе од една година порано при што особено погодени се североисточниот и јужниот регион.

Слични содржини