6
Жешкиот бран во Грција продолжува и денеска, со температури над 40 Целзиусови степени. Властите поради опасното време презедоа низа мерки, истовремено предупредувајќи за опасностите за луѓето и за висок ризик од шумски пожари.
Така, за туристички посети е затворен Акропол во Атина и низа други археолошки локалитети.
Од денеска времето кога не треба да се работи на отворено е продолжено од 11 до 17 часот.
Угостителските локали со маси на отворено, како и оние на плажите и на морскиот брег не смеат да ги тераат келнерите да работат во тој период, посочува Министерството за труд на Грција и предупредува за строгите казни за работодавачите.
Намалување на температурите во Грција се очекува од петок.а