Најголемата американска компанија за трансфер на рафинирана нафта во САД, „Colonial Pipeline“, ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопштено е од седиштето на компанијата.
Во соопштението се посочува дека нападот е откриен на крајот на неделава, дека сите системи се затворени, како и дека Интернетот е исклучен за да се реши проблемот.
Компанијата „Colonial Pipeline“ ангажираше експертска компанија која се занимава со безбедносни проблеми на Интернет да спроведе истрага, а сојузните власти се информирани за овој случај, според извештајот на „Ројтерс“.
Гасоводот на компанијата ги поврзува рафинериите со пазарите преку југот и истокот на САД преку гасоводен систем со вкупна должина од околу 8.850 километри низ кој течат бензин, дизел, керозин и други нафтени производи.