Поради инцидентот со авионот на „Рајан ер“, САД продолжија стари санкциите против Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи санкциите против Белорусија, воведени во 2006 година, за една година, соопшти Белата куќа.

Воведени се санкции во врска со обвинувања за кршење на човековите права, политичка репресија и корупција. Белоруските власти ги отфрлаат тие обвинувања.

Старите санкции беа продолжени во светло на очекувањата за нови санкции поради ситуацијата со приземјувањето на летот на компанијата „Рајан ер“ во Минск и апсењето на Роман Проташевиќ. Според изјавата на Белата куќа, САД, во соработка со ЕУ и другите партнери, развиваат уште еден список на санкции против претставниците на белоруските власти.

Покрај тоа, санкциите против девет белоруски компании, кои претходно беа суспендирани, стапија на сила повторно на 3 јуни.

Слични содржини