393
Сестрата на пејачката Бритни Спирс, Џејми Лин Спирс, на својата Инстаграм приказна објави порака во која им се обраќа на луѓето кои и сe закануваат со смрт и ги замолува да престанат да го прават тоа.
„Здраво, го почитувам правото на секој да се изрази. Но, дали можеме да престанете со смртните закани, особено кон децата? “, напиша таа.
Имено, пораките што Џејми ги добива секој ден се последица на изјавата на Бритни дека сака да го тужи целото семејство и пред судот изјави дека сака нејзиниот татко Џејми Спирс да престане да биде нејзин старател.
Многумина тврдеа дека сестрата на пејачката профитира од богатството на Бритни.