Поради короната, одложено доделувањето на Греми наградите

од Stefanija Kuzmanovska

Греми наградите, закажани за 31 јануари, се одложени поради ширењето на коронавирусот во Лос Анџелес, објавија списанијата „Ролинг Стоун“ и „Варајети“.

Двете списанија се повикаа на голем број извори според кои церемонијата на доделување на наградите за музичката индустрија може да се одржи во март.

Recording Academy, која ги организира Греми наградите, сè уште не го потврди тоа.

Лос Анџелес се соочува со нагло зголемување на бројот на болни и мртви, како и преоптоварен болнички систем, а затворени се и спортски сали, фризерски салони и ресторани.

Минатата година, организаторите на Греми објавија дека бараат нов начин на одржување на церемонијата, без публика и црвениот тепих.

Тогаш тие објавија дека размислуваат за организирање индивидуални настапи на отворено на различни локации наместо во салата на Стејплс центарот во центарот на Лос Анџелес.

Слични содржини