ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Нема да има концерт по повод годишнината на Рамковниот договор на плоштадот „Македонија“

од Vladimir Zorba
162 прегледи

„Согласно со програмата за одбележување на Рамковниот договор предвиден е огромен концерт на плоштадот „Македонија“ во Скопје, вечерта на 13 август, што Министерството за политичкисистем реши да го одложи и да не се одржи, поради новите состојбите со коронавирусот. Со тоа покажуваме дека сме доблесни и дека разбираме и ги откажуваме сите можни манифестации, каде што има ризик од зараза, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во Тетово, каде што на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор.

Сепак, останува да се одржи прослава во хотел, каде што е предвидено да присуствуваат околу 200 луѓе.

„Сите настани и денешниот се согласно со протоколи против ковид, а централниот настан во хотелот ‘Александар Палас’, на 13 август, ќе биде во сала која собира 1500 луѓе, а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост поголема од 1,5 метар еден од друг и ќе се мери температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот договор и на неговата имплементација, туку дека навистина станува збор за загриженост околу здравствените протоколи“, рече вицепремиерот.

Слични содржини