Поради наноси од снег затворен пат во Македонија за камиони

од Nikola Popovski
77 прегледи

Од 07:00 часот патниот правец Кратово – Пробиштип е во прекин за сообраќај на тешки моторни возила, поради наноси од снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента према Пониква, исто така и према с. Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Времето денеска ќе биде постудено за пет до седум степени за разлика од претходните денови, информираат од Управата за хидрометеоротлошки работи (УХМР).

Наутро ќе биде врнежливо, а во текот на денот облачно. Кон средината на денот ќе има и сончеви периоди. На повикоките планини ќе има појава на слаб снег.

Слични содржини