Поради неисплатен втор дел од платата за јуни, машинскиот персонал во ЖРСМ стапи во бојкот

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Поради неисплатен втор дел од платата за месец јуни, машинскиот персонал во ЖРСМ, од денеска во 16 часот стапи во бојкот, потврди за МИА, Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ – Транспорт.

Бојкотот на машиновозачите, според најавите на Димовски, ќе трае до утре во 11 часот за кога е закажена средба со менаџметот на ЖРСМ.

Најави дека до УО на ЖРСМ, како и до Министерство за транспорт и врски и до Агенцијата за железничи сообраќај ќе испратат допис преку кој, покрај исплатата на платата бараат и исплата на надомест за квалитет.

Слични содржини