Поради неплатени сметки исклучени водата и струјата во рудникот „Индоминерали и метали“

од desk3
101 прегледи

Погонот за флотација и управната зграда на рудникот „Индоминерали и метали“ останаа без вода и струја затоа што се исклучени поради неплатени сметки. Рудникот му должи 25.000 евра на Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ за неплатена вода за околу една година. Исто толкав период рудникот ги нема намирено ниту сметките за струја на „ЕВН Макодонија“.

2266240515_2d27888816_z

Директорот на ЈКП „Никола Карев“, Игор Бошков, изјави дека ова била последна мерка што претпријатието морало да ја преземе.

– Рудникот добиваше неколку опомени, па откако не ги намири сметките, поднесовме тужба. Ова е последна мерка што моравме да ја преземеме – изјави Бошков.

Рудникот, сепак, работи затоа што водата и струјата не се исклучени во јамите поради опасност за рударите. Без погонот за флотација, рудникот може да работи само уште три-четири дена.

Рудникот „Индоминерали и метали“ ѝ должи и на Општина Пробиштип, 250.000 евра, за годишна концесија.

МЕТА