Поради огревни дрва: Не застанале на знак на полицијата, откако избегале удриле во две возила

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Синоќа во 23:45 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, откако претходно не ја почитувале полициската наредба за сопирање на возило, ги лишиле од слобода С.Ш., 42-годишно лице и еден малолетник, двајцата од село Блаце, скопско.

При извршен претрес над патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш., биле пронајдени огревни дрва. Инаку, двајцата приведени, најпрво биле забележени во населабата Шуто Оризари. Но, на даден полициски знак „стоп“, тие продолжиле да се движат со возилото, при што прво удриле во друго возило „опел“, а потоа кај мостот во Визбегово, удриле и во возило марка „ауди“.

Исто така, при потрагата, службено полициско возило марка „БМВ“, сопственост на МВР на РСМ, на улица „Индира Ганди“, удрило во патничко моторно возило марка „поло“ управувано од Т.А. од Скопје.

Слични содржини