Поради операција, Дибала ќе отсуствува до крајот на сезоната

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала ќе оди на операција на тетивата и ќе отсуствува до крајот на сезоната, соопштија од клубот.

„Пауло Дибала ќе биде подложен на операција во наредните денови по повредата на левата тетива. Играчот и клубот меѓусебно се договорија дека ова е најдобриот третман за оптимално закрепнување. Му посакуваме на Пауло брзо закрепнување – со нетрпение очекуваме повторно да го видиме на дело!“

Дибала на Инстаграм им испрати порака на навивачите на Рома и Аргентина.

„Пред сè, сакам искрено да ви се заблагодарам за љубовта и поддршката што секогаш ми ја давате. Откако ги добив резултатите од тестот и разгледав различни опции, решив да се подложам на процедурата за да се вратам што е можно поскоро теренот. Форца Рома и Вамос Аргентина!“

Дибала влезе како замена во победата против Каљари минатиот викенд во Серија А, но беше принуден да излезе по само 12 минути на теренот.

Првично се мислеше дека аргентинскиот напаѓач ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, но по операцијата периодот на опоравување ќе биде подолг и се очекува играчот да ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната.

Дибала оваа сезона постигна осум гола и четири асистенции на 36 настапи во сите натпреварувања.

Слични содржини