Поради овој луксуз ја изневерија кралицата Елизабета (ФОТО)

393 прегледи

Војводата од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган МАркл, Божикните празници ги поминуваат далеку од останатите членови на кралското семејство. Всушност, одморот од 6 недели со наследникот Арчи го поминуваат во Канада, а сега е откриено дека одесднале во луксузна палата од 14 милиони долари, која е во сопственост на непознат милионер.

Нив друштво им прави и мајката на актерката, Дориа Регланд, на едно од најидиличните места на островот Ванкувер.

Имотот има 8 спални соби, две плажи и поглед на полуостровот кој се протега на 4 ари, а опкружени се со силно обезбедување.

Во внатрешноста на куќата се наоѓа свечена трпезарија, канцеларија со камин, двоспратна дневна соба, огромна кујна, шанк, просторија за гледање телевизија или куќно кино и просторија за дегустација на вино.

Инаку, луксузната палата во 2012 година за 13,1 милион долари ја купил богаташ и бизнисмен кој сакал да остане анонимен.

За потсетување, кралицата Елизабета е многу разочарана со оваа одлука, бидејќи кралската традиција налага, членовите на кралското семејство да се заедно за време на божикните празници. Меган и Хари, сепак, одлучиле дека
ќе се осамостојат и ќе уживаат сами.

Слични содржини