30
Џуд Белингем, репрезентативецот на Англија, би можел да добие меч суспензија и да го пропушти натпреварот против Швајцарија во четврт-финалето на Европското првенство во Германија.
На дуелот против Словачка, кога го постигна израмнувачкиот гол во петтата минута од судиското надополнување, асот на Реал направи груб гест фаќајќи се меѓуножјето и гледајќи кон клупата на Словачка.
Иако тоа го опиша како „пријателска“ шега со своите пријатели кои биле блиски до клупата на Словачка, УЕФА изгледа не мисли така и постои можност тој да биде суспендиран.
Дуелот меѓу Англија и Швајцарија се игра во сабота на 6 јули.