Големата ѕвезда на Челси, Калум Хадсон-Одои (20), сака да престане да игра за Англија и да започне да го носи дресот на Гана.
Според порталот Ghanasoccernet.com, овој потег е поттикнат од бројни расистички навреди кои темнокожите репрезентативци на Англија ги добија на социјалните мрежи по промашените пенали во финалето на Европското првенство, против Италија. Калум верува дека би можел да помине низ истото во иднина.
Гана не би бил случаен избор, но тоа е земјата каде што е роден Хадсон-Одои. Во текот на ова лето, Хадсон-Одои ја посети Гана, каде се состана со претседателот Акуф-Ад. Претседателот тогаш му нареди на министерот за спорт Мустафа Јусуф „да ја истражи можноста Калум да ја смени репрезентацијата и да игра за Гана“.
Досега крилото на Челси одигра три натпревари за селекцијата на „Гордиот Албион“. Последен пат играше во 2019 година. Според правилата на УЕФА, тој би можел да игра за друга репрезентација во ноември 2022 година.